3.8 C
Skopje
петок, декември 20, 2024

Николов: Желбата да му се удоволи на Заев нѐ стави во друштво со Либија, Ирак и Суринам

Македонија е на врвот во светот заедно Ирак, Либија и Суринам, како држава со најбрзо растечко ширење на Ковид 19, објави синоќа угледниот американски весник Њујорк Тајмс. Според Њујорк Тајмс Македонија е помеѓу 7те држави каде Ковид 19 бележи најбрзо растечка прогресија во последните две недели, реагира доктор Игор Николов.

Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција:

Желбата за да му се задоволи и удоволи на Зоран Заев, не лекарскиот и непрофесионалниот пристап на Комисијата за заразни болести која има желба да му удоволи на Филипче не ставаат во друштво со Либија, Ирак и Суринам.

Задоцнетите мерки, прераното олабавување на истите, лошиот пристап со справувањето со епидемијата од страна на удоволувачите на СДСМ не донесоа во ситуација како држава да го живееме вториот пик и тоа во јули.

Неодговорноста на двоецот Заев и Филипче, несоодветните мерки, допринесе од 1 јуни до 12 јуни да имаме зголемување на бројот на заразени за скоро 1480 наши сограѓани, бројот на активни случаи да се триплира, а бројот на починати да порасте за 38 повеќе. Имено од почетокот на дијагностицирањето на Ковид 19 во Македонија до 30 мај се регистрирани 2164, а од 1 јуни до 12 јуни дополнителни 1480 случаи.

Ова е пораз на здравствените политики и пораз за Комисијата за заразни болести, која му удоволува на Заев и Филипче и нивниот политикански, политички, а не лекарски пристап.

За  само 12 дена бројот на заразени се зголемил за повеќе од половина. Власта е целосно неспособна и не знае и не може да се справи со ситуацијата. Потребен е професионален и експертски пристап. Македонија тоне со СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.