Самите измени на кривичниот законик лично сметам дека се штетни измени бидејќи се интервенираше во кривичните дела од областа на корупцијата или т.н коруптивни дела: Да не говорам за тоа како се злоупотреби европското знаменце за толку брзо донесување на вакви измени“, истакна адвокатката Ружица Николовска во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма.
„Пред да се направи било каква таква измена за мене лично поготово кога интервенирате во една чувствителна област треба да направите сериозна анализа во смисла да вклучите експерти. Не може тоа да го прави некој зад затворени врати и слично, еве слушаме сега тие кои што биле во таа работна група не се запознаени со сето ова и не учествувале“, рече Николовска.
Таа посочи дека условите во затворите се катастрофални.
„Состојбата со нашите затвори за жал не е нешто ново и не е од сега и претходно и сега условите се катастрофални и тоа се јавни податоци кои може да ги видите на сите извештаи вклучувајќи на комитетот за превенција од тортура во рамки на Совет на Европа кој има остварени посети овде“, потенцираше Николовска.