Николовска: Неказнивоста и политичкиот реваншизам се доказ за тотален колапс на правосудниот систем

Во денешното издание на емисијата „Патот кон“ која се емитува на Алсат M заедно со заменик министерот за правда, Агим Нухиу и пратеничката од СДСМ Снежана гостуваше и Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ, која зборуваше за состојбата во судството и замерките кои се во извештавот на ЕК во оваа насока.

Николоска за разлика од другите соговорници рече дека во извештајот никаде не стои дека има напредок или сериозна заложба на Владата за да се овозможи напредок во судството.

Јас се обидов да го прегледам извештајот и во ниту еден момент немаме такво констатирање, таков напредок како што денеска се презентира од присутните гости туку напротив се дава една блага формулација на зборови за да се каже дека постои некаков напредок но во реалноста немаме напредок. Се зборува за судскиот систем, се зборува за Република Македонија и нејзината подготвеност и никаде не се спомнува дека има сериозен напредок или заложби на Владата на Република Македонија за да се овозможи напредок за судството, на судскиот систем и генерално на правосудството, рече Николоска.

Таа додаде дека состојбата во реалноста е сосема друга и правосудниот систем е во тотален колапс, а за тоа говорат и неказнивоста, селективниот пристап и политичкиот реваншизам кои јавноста секојдневно ги гледа.

-Ние овдека се соочуваме за жал со ситуации во кои што немаме класично и нормално владеење на правото кое што е предвидено како принцип, како уставна вредност согласно нашиот устав, туку едноставно имаме владеење на право кое се присвојува за политички интереси на една политичка партија или коалиција. Во таков систем, на таков начин вие немате владеење на право, туку имате анархија. Неказнивоста, селективниот пристап, политичкиот реваншизам и притисоците кои што секојдневно се случуваат, говорат за тоа дека нам состојбата со правосудниот систем ни е во тотален колапс, додаде Николовска