Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, демантира дека заболената докторка од корона вирус била на неговата свадба, а потенцира и дека докторката не била на партиски состаноци и координации. Николовски се огласи откако во неколку медиуми се појавија информации дека директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца -Биљановска била на неговата свадба и на партиски состаноци во СДСМ, пишува Фокус.мк.
-Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона, вели Николовски.
Целиот текст може да го погледнете на овој линк.