Kако задолжeн за спроведување на Етичкиот кодекс, и согласно моите надлежности на следната владина седница, согласно членот 22 од Етичкиот Кодекс, ќе побарам барање за оставка односно налог за разрешување од надлежниот Управен одбор на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Николовски посочи дека Димова треба да понесе морална и политичка одговорност, а надлежните институции целосно да го расчистат случајот.
При тоа Николовски посочи дека дека на институциите треба да им се остави простор за да се утврди вистината и дека секој случај мора се расчисти, вклучително и случајот со Националната агенција. Николовски потенцираше дека транспарентноста мора да функционира и сите функционери мора да се приджуваат кон принципите на Етичкиот кодекс, во кој се имплементирани и препораките од ГРЕКО.