Николовски: Концептот на листите, по промената на раководството, e сериозна реформа која сакаме да ја направиме и во државата

-Во однос на носителите – од шесте носители имаме две жени, што е во рамки на законските решенија. На следните избори ќе се обидеме да имаме, три, а зошто не и четири жени, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, на гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Од шесте носители, двајца не се членови на ВМРО-ДПМНЕ, тоа се проф. гордана Силјановска – Давкова и Дурловски.

-Заради континуитетот точно е дека неколку пратеници повторно се кандидати, бидејќи се покажале со својата работа. Концептот на овие листи е продолжение на она што го започнавме во партијата после промената на раководството- силна и сериозна реформа во партијата која сакаме да ја направиме и во државата. Фигуративно го нарековме „Нови луѓе за ново време“, затоа што е факт дека доаѓа ново време во Македонија, рече Николовски.

Говорејќи за изборните листи, тој кажа дека од шест носители, шест се за прв пат носители на изборни единици.

-Тоа не значи дека кадрите кои не се на пратеничките листи направиле нешто лошо или не оставиле трага во партијата, напротив сметаме на нив и во следниот период на соодветни позиции во извршната власт. Тоа е дијаметрално спротивен концепт од она што го понуди СДСМ на овие избори. Исто така од шест носители шест се за прв пат носители на изборни единици, изјави Николовски.