„Во буџетот има трансфери. Трансфери за пензии, за плати, за здравство, за луѓе кои имаат потреба од социјална помош, за образование и постојат таканаречени други трансфери. Се оставаат друг дел од парите, значи владата неможе се да предвиди и се оставаат пари за другата година. Други трансфери во 2021 година се рекордни 641 милион евра – скоро дупло од капиталните расходи, а за овие други трансфери каде одат и кој ги добива одлучува повторно премиерот и Владата лично“, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Според него, тука одат дотации до невладини организации, дотации до единици на локална самоуправа и до други субјекти со кои владата има добри релации.
„Значи 640 милиони евра се други трансфери во оваа 2021 година. Споредено со 2009-та тоа е повеќе за 295 милиони евра, споредено со 2011 година за 277 милиони евра или доколку ги направиме разликите само на други трансфери и на стоки и услуги и не се раскалашела владата, тука имаме за две години повеќе околу 600 милиони евра споредено со 2009-та и 2011-та година во кризните години и имаме уште околу 600 милиони евра од прилика споредено со истите години и доаѓаме до цифра од една ипол милијарда евра. Што значи дека само доколку не биле раскалашени и не биле тргнати на крадење за две години Македонија наместо да се задолжи милијарда и петстотини евра, можеше да се задолжи 300 илјади евра и да ја преброди кризата“, вели Николоски.
Тој додава дека власта сака да реализира политички попис, а не статистички.
„Власта има политички договор, затоа може и процент ги имаат договорено. Побаравме отисок од прст, а не беше прифатено. Од локалните избори нема да има спреј , туку отисок од прст. Доставија Закон без методологија, а тоа значи дека ќе прават политички попис. Затоа бараме Законот да биде повлечен, денеска не усееаја да го изгласаат. Ако биде усвоен, ВМРО ДПМНЕ ќе го повика народот да се соберат потписи со цел да се укине Законот. Ако и тоа не помине, ВМРО ДПМНЕ нема да ги признае резултатите од пописот“, изјави Николоски.