Вицепремиерот за корупција и криминал и генералниот секретар на владеачката партија СДСМ објавува вознемирувачки информации дека лица за кои тврди дека се рекетари и криминалци а се блиски на медиуми ги заплашувале неговите родители.
„Разни медиумски рекетари и криминалци денес биле пред мојата куќа и ги вознемириле моите родители во Крива Паланка.
Вратата на нашата една и единствена семејна куќа направена 1989 година била и ќе биде отворена секогаш за добронамерници и луѓе на кои им треба поткрепа, помош и поддршка.
Отворена е за сите. Куќа во која од улица се влегува дома. Нема порта, нема ограда, нема ѕидови а нема ниту една камера ниту пак има полиција. Нема ништо. На секое ѕвоно излегуваат мајка ми или татко ми. За да помогнат за се. Така било а така и ќе биде.
Вратата не сме ја заклучиле никогаш затоа што од ништо не се плашиме и ништо не криеме и затоа што постојано мислиме како да направиме добро дело за секој и за сите.
Во нашиот двор секој ден мајка ми прави убаво ☕ за секој што ќе се најде на нашиот сокак и во нашиот двор.
Во нашите ❤ има место за чесни, искрени и одговорни луѓе а за тие што се платени да смислуваат лаги и конструкции има други институции и адреси”, пишува вицепремиерот Николовски на Фејсбук.