-1.2 C
Skopje
недела, ноември 10, 2024

Николовски се сокри позади Талески, на тутунарите им е преку глава од вашата демагогија – исплатете им ги субвенциите, вели Трипуновски

Николовски се сокри позади Талески! Секоја година иста песна. Па човек со вас не знае дали да се смее или да плаче? Како немате ни тронка срам ни ти ни оваа таканаречена влада па да им се обраќате на тутунарите и да ги убедувате дека Опозицијата е крива што ВИЕ не сте имале исплатено субвенции, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Па дали сте свесни што зборувате? Со кои законски измени се вадите пред тутунарите кога сите знаат дека ДАНОКОТ на тутунарите им се запира при самата исплата на тутунот. На тутунарите им е преку глава од вашата демагогија и затоа под ИТНО да им ги исплатите субвенциите бидејќи тоа се нивни пари а не ваши, пишува тој во својата објава.

Трипуновски додава дека одговоноста која што ќе следи е многу поблиску од она што мислите!