Николовски: Србија за 7 до 10 дена ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, брашно и масло за јадење

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски на својот фејсбук профил напиша дека штотуку завршил состанокот со потпретседателот на Владата на Република Србија, Бранислав Недимовиќ.

На состанокот е договорено во следните 7 до 10 дена Србија за Северна Македонија да ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење, и да почне испораката за количините коишто се договорени помеѓу сите економски партнери од двете земји.