Вицепремиерот Љупчо Николовски задолжен за борбата против корупцијата викендов со сопругата заминал на одмор во Дубаи, дознава НетПрес.
Во време кога пандемијата на коронавирусот беснее, Николовски лета за Дубаи заедно со директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Станковиќ, кој исто така е придружуван од сопругата.
Прво со автомобил отпатувале за Белград, а оттаму полетале за Дубаи.
Напорната работа со заплената на путерот со изминат рок бара и одмор, а кога ќе го рачисти случајот со кинеските вакцини, тогаш сигурно ќе следи и подолг заслужен одмор.