Доколку процесот околу спорот за името излезе надвор од рамките на Обединетите нации, Македонија ќе има единствено загуба, предупреди уште на почетокот на 2018-тата година потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
Тој во видео-пораката за новата година, која ја сподели на неговиот фејсбук профил, потсети на најзначајните нешта кои ја одбележаа 2018-тата на политички и економски план.
Николовски, во рекапитулацијата, потенцираше дека при евроинтеграциите власта мора да го зачува македонскиот идентитет, како и дека тој лично има повеќе доверба во македонскиот народ отколку во 61 пратеник од било која политичка партија.
Вербата во една идеја ја прави политичката партија, а не имотот или средствата кои таа ги поседува, изјавува Николовски, кој ги коментира внатрепартиските реформи, но и кадровските решенија на органите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, останува да се води борбата против, како што вели, власта и нејзината катастрофална економска политика, која остава илјадници луѓе на улица.
За крај тој додава дека во 2019-та година ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари оствари победа, благодарение на заедничката борба.
Целосното видео може да го погледнете во продолжение.