Николски: Непојавувањето на Заев во судот доволно зборува на чија страна е вистината

Ова беше навистина долго рочиште и мислам дека немаше потреба имајќи предвид дека завршните зборови ги имавме написмено, но еве благодарам на вниманието. Се надевам дека неискуството нема да влијае на одлуката во овој предмет, имајќи предвид дека се промени судија. Досега се водеше коректно се надевам дека и така ќе остане, рече Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој во средата пред Граѓанскиот суд даде изјава за медиумите/

„Аапсолутно убеден дека Зоран Заев не може да го добие овој спор против мене во тужбата за клевета. Всушност најдобар доказ за тоа е што повторно не се појави на рочиштето. Да ја потсетам јавноста дека тој ме тужи мене, а не го тужам јас него. И тој не се појавува на рочиштата на кои што ме тужи мене“, посочи Николсоки.

Исткана дека целата јавност се заморува со банални работи кои ѝ се добро познати на македонската јавноста, за коишто всушност суд дал и народот на изборите кои се одржаа во неделата на 31 октомври.

„Самото негово непојавување во судот доволно говори за тоа на чија страна е вистината. А, вистината е јасна и едноставна, тоа е дека во Македонија имаше рекет, дека предмет на рекет беа повеќе од еден бизнисмен, дека беа изрекетирани многу средства, дека имаше јасна пирамида и јасно е кој беше на врвот на таа пирамида. Очекувам судот да донесе пресуда во моја корист“, заклучи Николоски.