Никовски: Ако Тито беше диктатор, тогаш Тодор Живков беше сатана

Споредбата на Тито со Хитлер е лакрдија и таква хумореска од бугарска страна што не ни треба да се коментира, изјави поранешниот македонски амбасадор и аналитичар, Ристо Никовски, во емисијата Само вистина на ТВ Канал 5.

Mинистерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева во интервју за германските за германскиот весник Велт изјави дека земјава и посебно скопскиот градоначалник Петре Шилегов  го славиТито еден од најголемите диктатори, а тоа е исто како градоначалникот на Берлин да дојде на идеја да го слави денот на смртта на Хитлер.

– Споредбата на Тито и Хитлер е лакрдија и таква хумореска од бугарска страна што не ни треба да се коментира. Јас би и сугерирал на Захариева да ги праша своите родители што мислат за Тито. Се надевам дека и се живи и ќе и кажат се. Ако Тито беше диктатор тогаш Тодор Живков беше сатана. Додека ние со Тито живеевме европски тие, со Живков живееа ѓаволски. Да го прогласуваш Тито како диктатор е надвор од умот и бесмислица – рече Никовски.