Никовски: Последната изјава на Заев, имаме македонски јазик и народ, но корените се бугарск

„Заедничка историја не може да имаат два народа или две нации. Ако има заедничка историја тоа е еден народ. А, ние потпишавме дека имаме заедничка историја. Врз основа на тоа целата оваа бугарска стратегија се базира на таа заедничка историја. И според Бугарите ако имаме заедничка историја ние Македонците до 1944 не сме постоеле како народ, немаме свој јазик“, појасни Ристо Никовски, во емисијата на телевизија Алфа „Што не е јасно“.

Никоски додаде дека тука е и договорот со Грција со кој Македонци го загубија македонизмот.
„Ова што го прави Бугарија е спротивно на меѓународно право, на сите меѓународни правила, процедури итн“, нагласи Никовски.

Никоски посочи дека досегашното искуство од оваа власт е дека тие се подготвени на се за да си ги постигнат своите цели.

„Оваа власт е донесена од страна на странскиот фактор за да испорача. Тие испорачаа веќе многу прво со Преспанскиот па и со Бугарскиот договор. Последната изјава на Заев покажуваат дека тие признаваат македонскиот јазик и народ, но корените се бугарски“, истакна Никовски.

Никовски рече дека тој нема оптимизам дека Македонија ќе издржи.