Никовски: Власта се однесува срамно и невидено-Ванчо Михајлов е отворен и јасен фашист

„Тоа што се случи со отворањето на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е директен доказ бугарски, дека не третираат како втора бугарска држава, бидејќи тие дојдоа во Македонија како во своја втора држава, изјави поранешниот амбасадор Ристо Никовски во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на Алфа Телевизија.

Никовски додаде дека премиерот за Ванчо Михајлов вели дека е контроверзна личност, но дека тој не е контроверзна личност, туку е отворен и јасен фашист.

„Суштината на ова прашање е зошто ние прифативме да Бугарија организира нешто во нашата земја, кое не е прифатливо за нас и не нѐ покануваат. Од наша страна треба да се каже извинете, но вакво нешто не е нормално, доколку сакате нешто да правите во Македонија тоа нека биде од заеднички интерес“, рече Никовски.

Никовски потенцираше дека има толку многу елементи што зборуваат за наша погрешна политика. Се работи за големо бугарски чин кои сака да покаже дека е ова втора бугарска држава, каде што тие прават што сакаат и кого сакаат ќе го донесат тука и ќе го постават.

„Власта се однесува срамно, поразително и невидено. Бугарите го оживуваат „Ванчо Михајлов“ затоа што тој не признавал Македонци, тој ги убивал прво Македонците што имале македонска свест, а потоа ги нарекувал говеда“, кажа Никовски.