7.8 C
Skopje
недела, април 28, 2024

Никовски за „Телеграф“: Хан само ќе го официјализира договореното во Вашингтон

Поранешниот дипломат Ристо Никовски, коментирајќи го утрешното доаѓање на  Јоханес Хан, вели дека исходот на политичката криза во Македонија е веќе договорен за време на посетата на премиерот Никола Груевски во САД и дека комесарот само ќе стави печат на тоа. Клучна е гаранцијата дека избори ќе има на 24 април. Ако тоа не се случи во одредени рамки, договорот од Пржино не важи, дециден е Никовски, пишува „Телеграф.мк“.

Сѐ е договорено во Вашингтон и Хан само ќе го официјализира истото. Клучна е гаранцијата дека избори ќе има на 24 април. Ако тоа не се случи во одредени рамки, договорот од Пржино не важи. Засега немаме потврда дека тоа е гарантирано. Ако премиерот поднесе оставка, тоа значи дека гаранцијата е дадена.