Се прави една почетничка грешка околу проблемот со пописот. Пописот во основа и во целиот свет е статистичка операција. Во Македонија тоа не е можно, бидејќи од резултатите од пописот зависи Уставот и бројни закони зависат од тоа. Ние имаме ситуација тука во Македонија во која позицијата на втората по големина етничка група, конкретно на Албанците зависи од пописот. Затоа и Арбер Адеми рече, под 20 проценти ако сме ние Албанците – ние тој попис не го признаваме, изјави екс – амбасадорот Ристо Никовски вечерва во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Никовски смета дека пописот во Македонија има нагласена политичка димензија, затоа што реализацијата на Уставот зависи од пописот. А Уставот е политика, Уставот не е статистика.
-Затоа ако сакаме да успее пописот, мораме како прво да постигнеме целосен комплетен политички консензус. Затоа велам не дај боже да излезе како што не е договорено помежу СДСМ и ДУИ, а тоа е Албанците да бидат под 20 проценти, тоа ќе доведе до тешка, длабока политичка криза во државата која не ќе може да се надмине. Иако премиерот Заев рече нема врска колку ќе испаднат Албанците, закони нема да се менуваат.Но, премиерот Заев не знае дека тој не може тоа да го гарантира во името на Уставот и државата. Значи се отвора една нова страница во односите помеѓу Македонците и Албанците која ќе биде по многу нешта комплицирана, дециден е Никовски.