Нимиц денеска во Атина

Медијаторот на Обединетите нации меѓу Македонија и Грција за спорот со името Метју Нимиц денеска и утре ќе биде во Атина и ќе ги продолжи разговорите со државниот врв на Грција за неговиот иницијален пакет за решение на проблемот што оваа земја го има со уставното име на Македонија.

Минатата недела во Давос премиерите на Грција и Македонија ја имаа првата средба на која се разговараше за проблемот со името. Според изјавите, на таа средба се договорени одредени отстапки од двете страни, а разговорите ќе продолжат на ниво на шефови на дипломатии.

Од среда Нимиц доаѓа во Скопје на средби до македонскиот државен врв.