Нимиц денеска во Скопје на средби државниот врв и политичките фактори

Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц по посетата на Атина, денеска во Скопје ќе има средби со претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје медијаторот Нимиц, според најавите од МНР, ќе даде по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Со земјава дојде вчера и по пристигнувањето само кусо порача дека „по Атина очекува добри разговори и во Скопје“.