Позитивна, важна и од историско значење е средбата на Зоран Заев и Алексис Ципрас, изјави медијаторот Метју Нимиц во пресрет на неговата посета на Скопје и Атина.
Специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите за името, вели дека постои динамика за решение, и дека во соработка со меѓународната заедница може да се постигне заемно прифатлив договор.
„Време да се интензивираат разговорите во врска со условите за еден конечен договор, со претпазливост на прашањата што беа истакнати од двајцата премиери. Согласно со нивната намера, доаѓам во Атина и Скопје на разговори, за да се придвижи процесот. Верувам дека сега постои една динамика за изнаоѓање решение“, вели Нимиц.