Нимиц: Знам дека одлуката беше тешка, оптимист сум за иднината на Македонија

Медијаторот во спорот за името и пратеник на Генералниот секретар на ОН во спорот за името, Метју Нимиц истакна дека е импресиониран од начинот на кој работат уставните провеси и демократијата во земјата.

Знам дека беше тешко да се донесе одлуката бидејќи работев на проблемот 24 години и никој не го знае проблемот подобро од мене. Голем оптимист сум за вашата земја и сигурен сум дека има прекрасна иднина, изјави Метју Нимиц за МИА.