Нинџа на денешното рочиште: Завршив две средни школи, едната во гимназија НОВА

На денешното рочиште за 27-ми април осудениот Александар Василевски Нинџа кажа за себе дека завршил дури две средни училишта, едното во ЕТУЦ „Коце Металец“, а второто во скопската гимназија „НОВА“.

Ова се збунувачки податоци доколку станува збор за обичен сведок, имајќи предвид дека Василевски на претходното судење за 27-ми април во кое беше обвинет, а не сведок како денес, соопшти дека има само едно средно школо – ЕТУЦ „Коце Металец“.

Но, имајќи предвид дека се работи за човек кој денес искажа четврта различна верзија за истите настани, веројатно ни ова не треба да не чуди премногу.