Нинџа пуштен од затвор (ФОТО)

Александар Василевски – Нинџа, осуден на 7 години затвор за упад во Собранието кој ја издржува казната во отворено одделение во Истражниот затвор во Шутка денеска е пуштен од затвор.

Како што вчера објавија некои медиуми, Нинџа е биде пуштен на продолжен викенд, што е невообичаено за неодамна осуден. Тој денеска е фотографиран со пријатели во хотелот „Александар Палас“.

Нинџа беше сведок на обвинителството и доби најмала казна од сите осудени за упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Во јавноста се шпекулираше дека тој за случајот бил во договор со Обвинителството и неговите искази служеле за дополнување на обвиненијата кои немаат доволно докази. За награда, Нинџа доби најмала казна.