
Дваесет и осумгодишниот Жарко Димитриоски, кo-основач на маркетинг-агенцијата „Еден на еден“, и една година повозрасната Нина Ангеловска, ко– основач и генерален менаџер на Gruper.mk, се најдоа на европската листа на магазинот Fobres на најдобри претприемачи под 30 години.
Ангеловска и Димитриоски се најдоа на листата 30 Under 30 за Европа на магазинот Forbes.
Ангеловска е на листата на успешни млади луѓе под 30 години во категоријата малопродажба и е–трговија, додека Димитриоски е во категоријата медиуми и маркетинг.
На европската листа на млади и успешни луѓе, покрај овие двајца млади и успешни Македонци, се уште 300 лица од 34 европски земји. Оваа година првпат има претприемачи од Белорусија и Косово.
Млади и успешни луѓе се најдоа на листата на Forbes во 13 категории, меѓу кои се: уметност и
култура; забава; право; малопродажба и е–трговија; наука и здравствена заштита; познати; најмлади; социјални претприемачи; технологија; медиуми и маркетинг; индустрија; финансии и претприемачи кои успеале да привлечат голем капитал.
„По седум години напорна работа, стотици поминати предизвици, тони вложена енергија на сите страни и по бројни признанија кои секогаш се непроценлива мотивација на седмиот роденден на ‘Групер’ го достигнав најголемото до сега – ‘Форбс андер 30’. Дали денов е коинциденција, универзумот или седмицата е среќна бројка, не знам, ама знам дека се чувствувам прекрасно и многу благодарно. За првпат Македонија ја има во листата, и тоа дури со двајца претставници. Јас и Жарко ‘Еден на еден’. Шансите за влез се 3-6% од ијадници номинации, односно шансите за влез во ‘Форбс андер 30’ се помали од ‘Стенфорд’ и ‘Харвард’. Се надеваме дека Македонија е горда и ќе го препознае ова големо признание“, напиша Нина на Facebook.