Нинисто: Финска нема да влезе во НАТО без Шведска

– Велам дека случајот со Шведска е и наш. Тоа значи дека одиме рака под рака – рекол Саули Нинисто, шведскиот претседател, во говорот за време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во неделата во Хелсинки.

„Јасно кажав кога последен пат ја посетив Шведска. Во Шведска велат дека финското прашање е и нивна работа, исто како и кај нас, велат дека шведското прашање е исто така наша работа. Тоа значи дека одиме на тоа, рамо до рано“, рече Нинисто.

Шведска и Финска минатиот месец поднесоа барање да се приклучат на Западната одбранбена алијанса како одговор на конфликтот во Украина.

Двете земји се соочија со противење од Турција, која ги обвини дека ги поддржуваат и засолнуваат курдските милитанти и другите групи кои ги смета за терористи.