Само еден погодок и тоа во гостинската мрежа, беше постигнат на премиерниот натпревар од 20. коло во германската Бундес лига, дуелот помеѓу претендентите за едно од четирите места кои водата во Лигата на шампиони, Борусија од Менхенгладбах и Баер од Леверкузен.
Погодокот вреден три бода, постигнат во 62 минута, беше дело на корејскиот интернационалец, Хеунг-Мин Сон.
Актуелниот шампион и лидер на првенствената табела, тимот на Баерн (М) денеска не би требало да има некои посериозни проблеми во првенствената пресметка против домашната екипа на Нирнберг.
Обврска да забележат позитивен резултат, но на гостувањето во Бремен имаат фудбалерите на Борусија од Дортмунд кои само со планираните три бода ќе останат во игра за втората позиција на табелата.
Денеска на програмата: Ајнтрахт – Брауншвајг, Фрајбург – Хофенхајм, Нирнберг – Баерн (М), Волфсбург – Мајнц, Вердер – Борусија Д., Хамбургер – Херта.