Јапонецот стигна до титулата откако во финалето славеше против домашниот тенисер Џон Иснер со 2:1 (4:6, 6:4, 6:4).
Иако во првиот сет Нишикори тешко се справуваше со еден од најдобрите сервери во светот, сепак во вториот и третиот сет ја подигна играта на едно повисоко ниво, па успеа да го победни “џинот” Иснер.
Ова е одлична увертира за Нишикори во пресрет на третиот сезонски грен-слем турнир, УС Опен.
Стивенс ја освои титулата на турнирот во Вашингтон кај дамите
Кај дамите, Слоун Стивенс го освои трофејот во престолнината на САД откако ја совлада Анастасија Павличенкова со 2:1 (6:1 и 6:2). Американката беше импресивна на овој турнир, бидејќи не загуби ниту еден сет, а својата одлична игра во Вашингтон ја запечати со убедливата победа во финалето.
Ова е прва ВТА титула за Стивенс во нејзината кариера.