Ништо од пропагандата на СДСМ и ДУИ не успеа, вели Николоски, ВМРО-ДПМНЕ на избори ќе излезе со една обединета листа

„Сметам дека ова е двојно понижување за македонскиот народ, прво македонскиот народ беше понижен во јуни 2018 година кога беше променето името на државата за жал со векови ќе останеме единствен светски пример на цивилизиран народ и држава кој самостојно промениле име на државата под притисок на соседот, таков пример нити имало нити ќе има во било која цивилизирана држава. Тоа беше еден врв на понижување кога се промени името на Македонија. Второто понижување е што после 5 години граѓаните треба да молат, да чекаат во редови да чекаат на студ, на дожд, на снег за да имаат документи со новото понижувачко име со цел да не бидат затворени во кафез и да може да ги реализираат своите основни човекови права а тоа е правото на движење“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното гостување во емисијата „Еспресо со Златев и Боцевски“ на радио Лидер.

Тој продолжи и додаде дека ова е двојно понижување на македонскиот народ.

„Ова е двојно понижување на македонскиот народ. Ова заедно со криминалот и тендерите во РЕК Битола е еден јасен модел на тоа какви безрбетници за жал ја водат Македонија, какви кримоси и анационални типови ја водат Македонија. Ова околу пасошите е најдобриот симбол за таа работа“, кажа Николоски.

Тој истакна дека сегашниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски работата ја работи одговорно, додека Оливер Спасовски неговата работа ја работел неодговорно.

„Во моментот кога Панче Тошковски стана технички министер најголем дел од граѓаните во Македонија сеуште немаа добиено пасоши. Ја знаете драмата што се случуваше со возачките дозволи можеше да се случи и да практично никој од нас да не смее да управува со моторно возило затоа што и возачките требаше да бидат со новото понижувачко име па бар тоа успеавме да го решиме некако во Собрание и се створи консензус да се одложи примената до нова година. Така што работа на одговорен човек е она што го прави сегашниот технички министер за внатрешни работи, додека работа на неодговорен човек е тоа што го правеше Оливер Спасовски“, вели Николоски.

Тој продолжи и истакна дека ништо од пропагандата на СДСМ и ДУИ не успеала и наброја неколку работи.

„Цела пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаше за уставни измени, па пола пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаше за уставни измени, па 8 пратеници ќе гласаа, па 6 пратеници ќе гласаа, па двајца ќе гласаа, па еден ќе гласа, но не гласаше никој. Потоа ќе дојделе Шпанци, Американци итн да не притиснат и кога ќе дошле утре дента ќе сме гласале, па се чекаше еден странски претставник минатиот август, па друг во октомври, но ништо од тоа не бидна. Следно ќе го делеа ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ нели ќе беше поделено помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и она што беше крило на Сашо Мијалков, после тоа Никола Груевски ќе го враќаа, ќе го преземал ВМРО-ДПМНЕ па немало да го презема ВМРО-ДПМНЕ ќе вадел сопствени листи“, потенцираше Николоски.

Тој заклучи дека на крај власта на избори ќе излезе со 6 листи, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со една обединета листа.