Ништовни се уверувањата на САД за украинско „одговорно“ користење на касетната муниција – руската амбасада во Вашингтон

Безначајни се уверувањата на САД дека наводно добиле „гаранции“ од Киев за „селективна и одговорна“ употреба на касетната муниција од страна на украинската војска и се чини дека ја загубилр , објави во саботата руската амбасада во Вашингтон.

Руската дипломатска мисија во САД оваа реакција ја објави откако претходно во саботата во јужната украинска област Запорожје која е под контрола на руската војска со артилериски оган на украинската војска било гаѓано обележано цивилно возило со руски воени репортери кои правеле обиколка на местата за проверка на информациите за користење на касетна муниција. Според првичните информации на руските истражни органи, во нападот во кој загина новинарот на агенцијата РИА Ростислав Журавлев а уште четири негови колеги се тешко ранети, била употребана токму касетна муниција.

Украинските сили користеле касетна муниција во саботата утрото и во напад врз село во руската погранична Белгородска област, обвини тамошниот гувернер.

„Американските власти ја уверуваа светската заедница дека Украинците ќе ги користат овие средства (касетните бомби) ‘селективно и одговорно’. Ништовноста на овие зборови е сосема очигледна за сите. Употребата на касетната муниција од страна на киевскиот режим врз цивилното население потврдуваат дека Вашингтон ја загубил контролата над своите марионети“, се вели во објавата на руската амбасада во САД.

Се истакнува дека Киев токму од Вашингтон ја добива касетната муниција со којашто „украинските радикали ги напаѓаат градовите и населбите“ во Русија „уништувајќи ги домовите на цивилите“.

„Вооружените сили на Украина се толку очајни поради многу тешката ситуација на фронтот што се приклонуваат на најдивјачки дејствија. Си ги мијат рацете со лажните ветувања дадени на нивните прекуокеански куклари“, се истакнува во коментарот.

Во јули американскиот претседател Џо Бајден ја објави одлуката на Белата куќа да го снабдува Киев со касетна муниција. Ваквите гранати се забранети со меѓународна конвенција што ја ратификуваа 123 земји, невклучувајќи ги САД, Украина, Русија и Кина.

Објавувајќи ја одлуката за предавањето на оваа муниција советникот на Белата куќа за национална безбедност Џејк Саливан, истакнувајќи дека тоа е „исправна работа“ додаде дека претседателот Џо Бајден дал „писмени“ гаранции за начинот на кој ќе се користи оваа муниција за да се минимизира ризикот за цивилите и дека таа нема да биде користена во украински операции на руска територија.

Според тврдењата на Вашингтон, Украина наводно осигурила „писмени гаранции“ за користење на касетната муниција „многу внимателно“ минимизирајќи ги ризиците за цивилното население. Киев, исто така, ветил дека ќе направи протоколи и снимки од местата каде што ќе ја користи оваа муниција и во иднина ќе ги исчисти од неексплодираните остатоци.

„На совеста на САД лежат продолжувањето на конфликтот и новите жртви меѓу цивилите“, се заклучува во објавата на руската амбасада и во однос на загинатиот новинар Журавлев истакннуваат дека „нема сомневање“ оти тој бил „вистински херој на нашето време“ кој „бестрашно ги обелоденуваше злосторствата на киевските нацисти и стори многу за светот да ја дознае вистината за неверојатното зло против кое се бори Руската Федерација….“.