Ниту 25 шолји кафе дневно не им штети на артериите

Дури и оние љубители на кафето кои пијат и до 25 шолји од оваа напивка дневно, сега може да бидат спокојни, зашто дури ни овие количества на се штетни за срцето, велат научниците.

Иако студиите за благотворниот ефект на кафето во заштитата на црниот дроб и намалување на ризикот дијабетес, Алцхајмерова и Парконсонова болест се познати од претходно, има и оние кои упатуваат на тоа дека големитe количества кафе може да придонесат за стврднување на артириите, што срцето ги изложува на притисок и ја зголемува веројатноста за срцев или мозочен удар.

Новата опсежна срудија спроведена во Велика Британија, ги отстранува овие соменвања. Според неа консумирањето на повеќе од пет шолји кафе на ден, дури и до 25, не им штети на артериите, пренесува весникот The Guardian.

Истражувањето спроведено на 8.000 луше кое делумног и финансирала Британската фондација за срце (BHF), беше претставена оваа седмица на конференцијата на здружението на британските кардиолози.

Покрај тоа, науичницете ги испитувале и крвните садови ка испитаницет користејќи магнетна резонанца. Ја испитале цврстината на артериите и еластичноста на ѕидовите на аортата на почетокот од испитувањето, а потоа ја повториле истата постпака на крајот од експериментот.

Стручњаците од лондонскиот универзитет Квин Мери ги поделиле уечсниците во истражувањето во три групи. Во првата беа оние кои пиеле помалку од шест филџани кафе дневно, во втората биле оне кои консумирале една до три, а во третата оние кои пиеле повеќе од три. Во последната група, испитаниците пиеле во просек по пет шолји кафе дневно, но имало и такви кои дневно консумирале и 25 шолји.

Научницете утврдиле дека дури и кај ваквите „рекордери“ не постои нималку поголема веројатност од развој на атеросклероза, отколку кај испитаниците од правата група. Резултатите биле потврдени и откако биле исклучени и другите фактори за ризикот од оваа болест, како што се возраста, телесната тежина и пушењето.