![Panova-10.12-960x540](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/12/Panova-10.12-960x540-1.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Најпрво, велите најмалку посакувано за ДУИ, но ова е најмногу посакувано за граѓаните на Македонија и пораката која беше упатена од страна на амбасадата на САД беше дека никој не е над законот и никој не може да се сокрие од законот, изјави Ели Панова, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ на нејзиното вечерашно гостување на Канал 5 телевизија, во дебатната емисија „Само Вистина“, осврнувајќи се на едно од актуелните прашања поврзано со проширувањето на американската црната листа.
Појасни дека ниту, во случајов Артан Груби, ниту, пак, кој и да е друг член од водството на ДУИ или кој и да е судија не може да му пркоси на законот и правдата, а од друга страна на овој начин се отвора можност органите во правосудството да покажат дека можат и треба да отворат процедури кои доста време беа затајувани.
„Пораката којашто се испраќа токму на денот 9-ти декември, којшто е Меѓународен ден за борба против корупцијата, всушност покажува дека некој којшто е далеку 7.824 километри од Македонија, увидел и знае дека има сторено криминал во рамки на судски процеси, со посредство на некој што беше вицепремиер на Република Македонија, а нашите органи не го знаат тоа“, рече Панова.
Според неа, јасно е дека пораката е веќе упатена како до ДУИ, така и до македонскоот правосудство, односно до судиите коишто треба да знаат дека не се заштитени „бели мечки„ и дека не можат да бидат на врвот од одреден криминал, а да не се води никаква постапка против истите.
„Би додала дека оваа порака, исто така, е испратена и до Судскиот совет, којшто пред неполна година, ми се чини, расправаше токму за овој судија и на крајот излезе дека истиот беше казнет само со 20 отсто од платата во шест месеци. Пораките кои ги испрати Стејт департментот всушност треба да бидат аларм дека мора да профункционира системот, тоа е ветер во грб на нашите институции“, заклучи Панова.