„Ниту една земја не треба да биде казнета затоа што се бори за својот суверенитет“ – познати изјави на Фицо

Обид за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо се случи во средата во градот Хандлова, каде се одржуваше владина седница. Напаѓачот испукал пет куршуми кон премиерот, кој се здоби со прострелни рани во пределот на градниот кош, стомакот и раката.

Состојбата на Фицо по обидот за атентат била критична, сепак, според извештаите на словачките медиуми, на крајот операцијата била успешна и состојбата на премиерот е стабилизирана.

Напаѓачот е уапсен. Станува збор за 71-годишниот словачки писател Јурај Цинтула, кој исто така бил активист на либералната партија Прогресивна Словачка. Пред да пупа, напаѓачот му извикал на Фицо: „Робо, дојди овде“.

Партијата што ја предводи Фицо, социјалдемократска, победи на парламентарните избори во октомври минатата година. Како резултат на тоа, тој триумфално се врати на премиерската фотелја, која претходно ја држеше од 2006-2010 и 2012-2018 година.

Фицо во својата предизборна кампања јасно кажа дека Словачка не треба да му доставува оружје на Киев. Откако стана премиер (непосредно пред патувањето на самитот на ЕУ во Брисел), тој веднаш се сретна со словачките пратеници и ги повтори своите надворешнополитички приоритети. Конкретно, Фицо истакна дека Братислава повеќе нема да испорачува оружје на Украина.

Денес, Фицо е еден од ретките лидери на земја од ЕУ или НАТО кој искажал алтернативно гледиште за настаните во светот.

Во продолжение некои од неговите изјави кои одекнаа глобално.

За руско-украинскиот конфликт

Кажувам јасно и гласно: војната во Украина не започна вчера или минатата година. Се започна во 2014 година кога украинските нацисти и фашисти почнаа да убиваат руски државјани во Донбас и Луганск.

Мора да има некаков компромис. Што очекуваат, Русите да го напуштат Крим, Донбас и Луганск? Тоа е нереално.

Буквално е шокантно да се види како Западот постојано греши во проценката на ситуацијата во Русија

Русија целосно воено ги контролира окупираните територии, Украина не е способна за никаква значајна воена контраофанзива, [и] таа стана целосно зависна од финансиската помош од Западот со несогледливи последици за Украинците во годините што доаѓаат.

Позицијата на украинскиот претседател е разнишана, додека рускиот претседател ја зголемува и ја зајакнува својата политичка поддршка. Ниту руската економија ниту руската валута не пропаднаа, [и] антируските санкции ја зголемија внатрешната самодоволност на оваа огромна земја.

За помош за Украина

Украина е меѓу најкорумпираните земји во светот и прекумерната финансиска поддршка ја условуваме со гаранции дека европските пари (вклучувајќи ги и словачките) нема да бидат проневерени.

Ако стратегијата е да продолжиме да фрламе пари таму, 1,5 милијарди евра месечно без никаков резултат, а ние да си ги скратиме сопствените ресурси? Впрочем, имаме огромни проблеми, а народните пари се во тешка состојба.

Можеме да го истуриме целото оружје на светот, сите пари таму и Русија никогаш нема да биде победена воено. На ред се 2023 и 2024 година и ќе видите дека Русија ќе почне да ги диктира условите за решавање на овој конфликт.

Ќе поддржам нула воена помош за Украина… Итно запирање на воените операции е најдоброто решение што го имаме за Украина. ЕУ треба да се промени од снабдувач на оружје во миротворец.

За иднината на Украина

Украина може да каже: „Сакаме да влеземе во НАТО.“ Ова ќе биде нивна сопствена одлука. Ние велиме дека нема да ги ратификуваме документите за пристапување на Украина во НАТО во парламентот затоа што на Словачка и треба неутрална Украина. Интересите на Словачка ќе бидат загрозени доколку Украина стане членка на НАТО.

Ќе му кажам украинскиот премиер Денис Шмигал дека сум против членството на Украина во НАТО и дека ќе ставам вето. Тоа би било само основа за Третата светска војна, ништо друго.

Јас сум против членството на Украина во НАТО и ќе ставам вето. Ако Украина беше во НАТО, таму постојано ќе се поттикнуваат некои конфликти, а штом ќе се случи судир меѓу Русија и земја членка на НАТО, ќе имаме светска војна.

Во иднина можеме да замислиме дека Украина има најблиска можна соработка со Европската унија, вклучувајќи го и членството. Но, за тоа треба да исполни услови какви што ги исполнија сите други земји кои се стремат кон членство.

На пример, сите знаеме дека Украина спаѓа меѓу најкорумпираните земји во светот и постојниот владин режим е далеку од демократските стандарди.

За испраќање војници во Украина

Украина не е земја членка на НАТО. Словачка нема никаква врска со војната во Украина и дозволете ми да испратам јасна порака до цела Словачка: кој и да побара од нас што било, словачки војник никогаш нема да стапне покрај словачко-украинската граница.

Атмосферата на комбинираниот состанок на претставниците на ЕУ и НАТО за Украина, одржан во Париз во февруари беше тотално воинствена: да се продолжи војната по секоја цена и да се направи сѐ за војната да продолжи. Бев многу изненаден што не се кажа ниту еден збор за некаков мировен план или мировна иницијатива. Да, можам да потврдам дека има земји кои се подготвени да испратат војници во Украина. Исто така, има земји кои велат „никогаш“ на тоа, а Словачка е една од нив. И има некои земји кои велат дека таквите идеи заслужуваат разгледување


За суверенитетот на земјите
Нашите партнери во странство се научени дека што и да побараат и побараат од Словачка, автоматски ќе го добијат. Но, ние сме суверена и самоуверена земја.

Сè додека сум на чело на словачката влада, никогаш нема да се согласам дека една земја треба да биде казнета затоа што се бори за нејзиниот суверенитет.

Украина не е суверена, независна земја, Украина е под апсолутно влијание на Соединетите Американски Држави – и во ова ЕУ прави огромна грешка, не сакајќи да има суверен поглед на Украина и само се согласува со она што го велат САД .

За санкциите против Русија
На Украина треба да ѝ се помогне, но јас би тврдел дека помошта се дава на начин кој нема ефект. Во моментов плаќаме 1,5 милијарди евра месечно од Европската Унија. На Русите им воведуваме санкции… До кога треба да трае ова?

Да биде јасно, нема да гласам за какви било санкции против Русија, освен ако на маса немаме анализа за нивното влијание врз Словачка.

За санкциите во спортот

Никогаш не би мешал политика и спорт. Зошто се повредуваме себеси со тоа?

Замислете дека имате спорт, каде апсолутни лидери се од Русија и Белорусија. Им забранувате од натпреварот, а некој кој инаку би имал минимална веројатност за победа продолжува и победува. Која е вредноста на тој златен медал тогаш?

Никогаш во животот не би ги спречил спортистите да се натпреваруваат. Нека покажат дека имаат се што е потребно за победа.

За вистината

Ако не можеме да ја кажеме вистината на бриселската маса дека, на пример, антируските санкции не функционираа, дека натамошното уништување на Украина и убивањето Украинци не води никаде, дека фанатичното спроведување на Зелениот договор ги убива нашите економии , дека 20.000 жртви во Појасот Газа не можат да се занемарат само затоа што ги предизвикува Израел, ние сме на лизгава патека која може да биде не само политички, туку и економски деструктивна за Европа.