Александар Кирацовски, генералниот секретар на СДСМ, денеска ги изреволтира новинарите, бидејќи сам си постави прашање, сам си одговори и искоментира:
„Мој предлог за нов координатор на пратеничката група е Јордан Митревски. И бидејќи е мој предлог и ќе биде“, рече Кирацовски, на заминување од прес конференцијата кога камерите беа исклучени.
Кирацовски е и пратеник и претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, и важи за влијателен човек во партијата.
Добро упатени извори за А1он велат дека ниедно вработување или избор не минува без одобрување од Кирацовски.