Фудбалерите на „Барселона“ продолжија со лошата серија на гостински терен сезонава во Примера, откако ремизираше со „Валенсија“ 1:1. Со ремито на „Месталја“ Каталонците и го препуштија лидерското место на „Севиља“.
Домачините започна одлично и во втората минута по брзиот корнер и грешката на Вермален поведоа со голот на Гарај. „Барселона ја презеде иницијативата која беше крунисана со гол во 23. минута кога Меси израмни на 1:1.
Во продолжение „Валенсија“ се одлучи да игра подефанзивно, а Каталонците не искористија неколку шанси за водство, па заминаа од „Месталја“ со само еден освоен бод.
Во Ла Лига, тоа е веќе четвртиот натпревар без победа за „Барселона“, која сега има бод помалку од лидерот „Севилја“.