Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, ниту сопругата на Богдан Илиевски се во МЕПСО

Кој од СДСМ ја излизга портапаролката Богданка Кузеска да шири дезинформации и да ја труе јавноста со лаги дека синот на Ѓорѓе Иванов и сопругата на Богдан Илевски се назначени за надзор во МЕПСО, прашува ВМРО-ДПМНЕ во реакција упатена до СДСМ.

„Ниту синот на Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, ниту пак сопругата на Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска се назначени за надзор во МЕПСО. Станува збор за комплетно различни личности, кои немаат никаква допирна точка со Иванов и со Илиевски. Во СДСМ расколот е очигледен, покрај тоа што мешаат роднини и јавно излегуваат на говорница и прозиваат луѓе, почнале и меѓусебно да се местат. Прес конференциите на Кузеска се комедија за народот. Ја советуваме Кузеска да внимава на своите сопартијци, повеќе од јасно е дека некој внатре од партијата ја мести“, се наведува во реакцијата на ВМРO-ДПМНЕ.

Кузеска денеска изјави дека синот на Ѓорѓе Иванов и сопругата на Бетмен ќе прават надзор во МЕПСО.