Нивото на кислород во пештерата драстично опаднало, почнува спасувачка акција

Се уште не се знае како децата кои веќе десет дена се заробени во пештерата во Тајланд ќе бидат спасени. Колку е опасна и тешка акцијата за нивното спасување, светот се уверил на најлош можен начин. Имено, еден од спасувачите загинал откако нуркајќи останал без кислород.

Условите внатре се тешки. Го оставил резервоарот со кислород, па на враќање ја изгубил свеста. Неговиот колега се обидел да му даде прва помош, но безуспешно, рекол командантот на тајландските морнарички фоки, адмирал Апакорн Јоо-Конгкаев. “Нема да дозволиме неговата жртва да биде залудна. Ќе продолжиме понатаму”, дополнил, пренесува „Reuters”.

Смртта на искусниот нуркач за многумина е доволен знак дека опасната мисија во која децата би се обиделе да се извлечат со нуркање низ мрачните, тесни тунели лесно би можела да заврши трагично. На спасувачите не им оди од рака ни прогнозата која за викендот најавува големи дождови, кои дополнително со вода ќе ја пополнат поплавената пештера.

Но, се појавил и нов голем проблем. Како што јавува “CNN”, во пештерата паѓа и нивото на кислород.

Пред неколку дена се зборувало за тоа дека децата во пештерата можеби ќе останат повеќе од четири месеци, додека нивото на водата не опадне. Но, смртта на искусниот нуркач и фактот дека нивото на кислород може да опадне до сериозно ниски новоа, ќе ја забрза целата операција за спасување.

Командантот Апхакорн Јоо-Конгкаев рекол дека нивото на кислород опаднало за 15 проценти. Тоа би можело да доведе до големи здравствени потешкотии за децата.

Не можеме повеќе да чекаме сите услови да се усогласат. Најпрво мислевме дека децата можат да останат таму многу подолго. Но, околностите се променија. Сега сме ограничени со време, им рекол тој на новинарите. Новиот приоритет е достава на дополнителен кислород со помош на големи цевки.