![ohridsko ezero](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/ohridsko-ezero.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.
Согласно резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е ист со просечниот за јануари, кај Преспанското е за 1,56 метри понизок од просечниот и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм), додека ја Дојранското Езеро е за 2,95 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.
Повисоко од просечното е и нивото на повеќето реки во земјава и има благо зголемување или намалување во споредба со вчера.