
Нивото на реката Вардар е над просекот за септември кај Демир Капија, Велес, Јегуновце и Зајчев рид во Скопје. УХМР евидентира зголемено нивото и на Црна Река кај Новаци и на Црни Дрим кај Ложани.
Според денешните хидролошки мерења на УХМР, намалувања на нивото на водата има на реката Вардар кај Јегуновце и на Пчиња кај Катлановска Бања.
Кај природните езера е евидентирано мало зголемување на водостојот над договорената квота. Измерената температура на водата на Охридското Езеро е 21 степен, на Преспанското Езеро е 19,5 степени, а на Дојранското Езеро 22,2 степени.