Српски „Блиц“ пишува дека од наведената количина хероин околу половина тон годишно завршува на улиците, аа другата половина се пренесува и продава на црните пазари Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Од Меѓународниот одбор за контрола на наркотици во Виена наведуваат дека низ Србија, поради нејзината поволна локација, поминува толкава количина на дрога, која од Турција, Албанија и Авганистан доаѓа во западна Европа.
Според евиденцијата на Меѓународниот одбор, во Србија има регистрирано околу 150.000 регистрирани корисници на дрога.