Низа апсења и приведувањa низ Македонија

Денеска(15.10.2022) во 09.30 часот на бул.„Србија“ во Скопје, полициски службеници ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи и ЕВР Аеродром и Драчево – Одделение за криминалистички работи го лишиле од слобода Ф.К.(31) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница со наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

На 14.10.2022 во 10.20 часот во с. Неготино, гостиварско, лишени од слобода се тројца малолетници од с.Сенокос, гостиварско. Тие се сомничат дека во текот на денот во с.Сенокос одзеле патничко возило „опел вектра“, сопственост на И.Б. Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.10.2022 во 19.50 часот во с. Неготино, гостиварско, од слобода бил лишен Т.В.(36) од с.Неготино. При извршен претрес по судска наредба во неговиот дом била пронајдена и одземена автоматска пушка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (15.10.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во во угостителски објекти на територијата на цела држава. При контролата, приведени се две лица, Д.Р.(20) од Велес затоа што кај него била пронајдена марихуана и дигитална вага и С.П.(18) од Скопје затоа што се однесувала агресивно кон полициските службеници. Затекнати се девет малолетни лица во угостителски објекти после 00.00 часот и осум лица кои не поседувале документ за лична идентификација. За сите констатирани прекршоци ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 14.10.2022 во 16.45 часот на ул.„ Народни Херои“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(36) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.10.2022 во 21.50 час на ул„Карпалак“ во Прилеп, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.С.(22), А.М.(24) и А.П.(21), сите од Прилеп. При претрес во возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Г.С., а сопатници биле А.М. и А.П., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.10.2022 во 19.00 часот од ул„Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Ј.(40) од Скопје. при преглед во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.10.2022 во 17.30 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Д.К.(21) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

По добиени оперативни информации дека на 14.10.2022 околу 21 часот во трговски центар на бул.„Јане Сандански“ има поголема група на малолетници со намера физички да се пресметаат, од страна на полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Аеродром преземени се соодветни мерки и активности, но не дошло до нарушување на јавниот ред и мир. Во врска со настанот, со присуство на родители, во Полициската станица Аеродром бил извршен разговор со тројца малолетници, кои појасниле дека во трговскиот центар требало да има физичка пресметка помеѓу две групи. Се работи на расчистување на случајот.