
Неколку физички пресметки со тешки повреди се регистирани во изминатото деноноќие во Скопје, од кои една е масовна тепачка доцна синоќа во скопската населба Аеродром, едно момче е претепано пред ноќен клуб во центарот на главниот град а уште еден физички напад се случил во Старата чаршија, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи.
Четири момчиња од Скопје доцна ноќта кон неделата биле физички нападнати во скопската населба Аеродром. Нападот се случил десетина минути по еден часот, кога во Полициска станица Аеродром К.С. (25), Д.Д.(25), М.М.(21) и Х.К.(19) сите од Скопје, пријавиле дека биле физички нападнати од поголема група на лица на паркинг простор на улица „Фрањо Клуз” и „Анастас Митрев”, стои во полицискиот билтен.
Половина час претходно момче било претепано пред ноќен клуб во Скопје, и притоа се здобило со тешки повреди. Инциентот се случил пред ноќен клуб на улицата „Јордан Мијалков”, кога од страна на група непознати сторители бил физички нападнт 25-годишниот Н.Б. од Скопје. Од физичкиот напад оштетениот се здобил со видливи повреди скршеница на горната вилица, оток и други повреди на главата.
Во раните попладневни часови во саботата, пак, скопјанец бил претепан во Старата чаршија. Дваесет и тригодишниот Г.Р од околу 15,30 часот пријавил дека додека седел во угостителски објект во Старата скопска чаршија, му се приближил Ј.М. и го повикал Г.Р. да излезе надвор од локалот, по што заедно со уште две непознати лица физички го нападнале. Нападнатиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“. Напаѓачот Ј.М. е приведен во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.