Престижниот американски весник „Њујорк Тајмс“ пред два дена објави текст посветен на убавините на Македонија.
„Џим Џонсон од „Бајк турс дајрект“ беше толку импресиониран од македонската култура и глетките во Македонија па одлучи да работи со „Рајд Маседониа“, локален трговец, за да ја развие деветдневна тура која вклучува умерено возење велосипед и пешачење, насловена „Откриј ја Македонија““, пишува весникот.
Понатаму во текстот се нагласува дека првата тура, којашто е во целост распродадена, почнува на 25 август; втората на 23 септември.
Цената е 1.010 евра по лице, или околу 1.093 американски долари. („Бајк турс дајрект“ не работи со турите, туку застапува оператори во повеќе од 70 земји), пишува Њујорк Тајмс.
– Ние замислуваме толку многу традиции во Европа, поголем дел се исчезнати. Но, ако отидете во Македонија таму ќе видите села каде луѓето таму живеат со генерации, вели Џонсон.
Најзначаен дел е Охрид, град под заштита на Унеско и една од европските најстари населби што датира од пред 5.000 години. Другите места вклучуваат национални паркови, подалечни села и Скопје, главниот град.
Џонсон ќе се приклучи на првата тура како патник.
„Со оглед на тоа што е земја која сега се издигнува и којашто сѐ уште не емошне непозната, моето присуство таму ќе им даде мир на нашите клиенти“, вели тој и нагласува дека одвај чека да дојде.