Весникот посочува дека со указите ќе биде поставено начелото за преразгледување и за потенцијално анулирање на некои форми на мултилатерални договори.
Указите предвидуваат дури намалување на члeнарината на САД за некои агенции на Обединети нации и меѓународни организиции, како и ревизија на серија договори.
Се предвидува намалување до 40 проценти на американското финансирање на ОН и на другите организации, наведува „Њујорк тајмс“.
Вториот проект на укази предвидува мораториум на сите мултилатерални договори, кои не се директно поврзани со националната безбедност, екстрадицијата или со меѓународната трговија.