Тимот на Њукасл е најновата пречка која ќе му застане на патот на моментално најрасположената екипа во англиската Премиер лига, Манчестер Сити.
Гостинот од “Итихат” важи за благ фаворит во неделниот натпревар од 21. коло од англиската Премиер лига, а најверните фанови на популарните “граѓани” најмногу очекуваат од шпанскиот интернационалец, Алваро Негредо, кој игра во одлична форма и кој постигна три погодоци во средата на првиот полуфинален натпревар од англискиот Лига Куп.
Далеку потешка задача, да забележат позитивен резултат на незгодното гостување во Стоук, имаат фудбалерите на Ливерпул, а како и секогаш најголема опасност пред противничкиот гол, во овој случај пред голот на Стоук, би требало да биде моментално најдобриот стрелец во Премиер лигата, уругвајскиот интернационалец, Луис Суарез.