Коските пронајдени во кралскиот гроб во Кутлеш припаѓаат на Филип Втори Македонски, таткото на Александар Македонски. Ова го потврдиле истражувачи, за „Њуз дискавери“.
Антрополошкото истражување работело на коски и делови од гробот и со тој материјал успеале да ги откријат закопаните во гробот. Според медиумиот, покрај Филип Втори, во гробот се пронајдени коските и на жена-воин.
Откритијата заедно со 3.000 фотографии во боја ќе бидат претставени пред јавноста во петок во Археолошкиот музеј во Солун.
Академците расправале за коските од годината кога гробот бил откриен (1977-8). Тогаш биле откриени споменици и три гробови. Во првиот гроб се наоѓало тело заедно со уметничка слика, додека вториот гроб не бил анализиран, а во него се наоѓале кремираните остатоци од машки скелет и кремираните остатоци од жена. Во гробот имало сребро, злато, бронза, оружја и штитови.
Истражувачите го потврдиле идентитетот на кралот врз основа на доказите за повреди на телото кои ги претрпел Филип Втори за време на животот.