Анкета: Најмногу југоносталгичари во Србија и во БиХ

За распадот на СФРЈ најмногу жалат жителите на Србија и на БиХ, се наведува во книгата Стратегија на симболичната изградба на нации во држави од ЈИЕ, настаната како резултат од проект за истражување на јавномислење на ИПСОС.

Според тоа истражување, дури 71 отсто жители на Србија жалат за распадот на Југославија. Во БиХ тој процент е 68 отсто, а во Македонија 45 отсто.

За распадот на поранешната заедничка држава најмалку жалат во Хрватска – 18 отсто, а уште помалку жителите на Косово.

Со анкетата биле опфатени 10.500 жители на регионот, без Словенија и дала податоци за ставови на луѓе во ЈИЕ за новната приврзаност со новонастанати држави, односот спрема религијата, националните симболи, минатото, односите со други народи…

Во анкетата се укажува на длабока поделеност меѓу Србија, Хрватска и БиХ.