Нова Љубљанска банка (НЛБ) потпиша со претствниците на српската влада во средата вечерта во Белград договор според кој НЛБ ќе исплати 387 милиони евра за купување на уделот од 83,23 отсто во српската Комерцијална банка, потврди во соопштение за јавноста најголемата словенечка банка.
Завршувањето на целата трансакција ќе зависи од добивањето ан согласности од повеќе регулатори во Словенија и во Србија, но и дозвола од Европската централна банка (ECB), пишуваат словенечките медиуми.
Доколку дојде до реализација на намерите, тоа ќе биде најјсилната банкараска групација во регионот, според процените на медиумите во Словенија.