НЛБ Банка со награда за „Сајт на годината“ за 2018 година во Македонија

На доделувањето на наградите на манифестацијата„Сајт на годината“, веб страницата на НЛБ Банка: nlb.mk  го доби признанието за најдобар сајт во Македонија, во категоријата финансиски услуги, банкарство и осигурување.

Ова е трета награда за НЛБ Банка на манифестацијата „Сајт на годината“, откако во 2016 и 2017 година Банката ги доби наградите апликација на годината (за апликацијата НЛБ mKlik) и сајт на годината.

Со ова признание НЛБ Банка доби уште една потврда за високиот квалитет на своите услуги на полето на онлајн и дигиталното банкарство. Следејќи ги глобалните текови, според кои едноставноста и функционалноста се најдобар начин за приближување на банкарските услуги до корисниците, НЛБ Банка на своите клиенти им овозможува заштеда на време и средства.

Како една од своите приоритетни стратешки цели, НЛБ Банка и во иднина ќе продолжи да инвестира во своето онлајн и дигитално портфолио, сѐ со цел на клиентите да им ги обезбеди најсовремените и најквалитетните банкарски услуги.