НЛБ банка апелира до своите клиенти да внимаваат и да не наседнуваат на СМС пораките со содржина за наводни поштенски пратки. Станува збор за обид со цел злоупотреба на личните податоци и финансиски средства, предупредуваат од Банката.
„Повторно се забележани СМС пораки поврзани со наводни поштенски пратки и линк кој води до лажна веб страница на АД ‘Македонски Пошти’.
Доколку добиете СМС порака со ваква содржина, ве молиме не ги споделувајте податоците од вашата платежна картичка, ниту пак вашите лични податоци.
Станува збор за лажни СМС пораки преку кои се прави обид за измама, односно злоупотреба на вашите лични податоци и финансиски средства“, се вели во објавата упатена кон сите што имаат сметки во НЛБ банка.